Невреме го зафати јужниот дел на Франција, најмалку шест жртви

Шест лица загинаа во невреме проследено со бура и поројни дождови, што синоќа и утрово го зафатија јужниот француски департман Од во јужна Франција.

 

Претходно, шефот на департманот Од, Ален Тирион изјави дека во невремето, поради кое е издадено црвено предупредување, загинала една жена, уште две лица се водат како исчезнати.



Нивото на реката Од утринава е највисоко од 1891 година и изнесува речиси седум метри. Тирион истакна дека во некои случаи водата била толку силна што спасувачките служби не можеле да се пробијат.

 

Во таа област, во рок од неколку часа, наврна дожд колку за неколку месеци. Поројниот дожд продолжува и водата надојде многу брзо во текот на ноќта.

 

Француската метеоролошка служба „Метеоренс" денеска објави црвен предупредувачки аларм за департманот Од, поради силни бури и дожд и го повика населението да остане во своите домови. Во тој дел веќе наврнаа повеќе од 180 милиметри дожд. Повеќе од шест департмани во јужниот дел на Франција од утрово се под портокалова закана поради бура проследена со поројни дождови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.