Источниот брег на Еуфрат следна цел на сириската Влада

По „решавањето на состојбата“ во провинцијата Идлиб, следна задача на силите на сириска Влада ќе биде преземање контрола врз источниот брег на реката Еуфрат, изјави денеска министерот за надворешни работи на Сирија, Валид ал Моалем. 

 

Тој нагласи дека е невозможно да се очекува сириската Влада да се откаже од источниот дел на Сирија, кој е богат со нафта, а кој во моментов е под контрола силите на сириските Курди, кои ја имаат поддршката на САД. 

 

Ал Моалем истакна дека сириските Курди мора да решат што сакаат, но дека треба „да се откажат од илузиите“ за воведување федереален систем во Сирија.

 

- Сириската Влада е решена да ја стави цела Сирија под своја контрола, додаде Ал Моалем.

 

Во моментов сисриските власти контролираат околу 40 проценти од територијата на Сирија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.