Полицијата стапи во контакт со киднаперот кој зеде жена како заложник

Германската полиција стапи во конатакт со мажот, кој зеде една жена како заложник на главната железничка станица во Келн.

 

Полицијата се обидува да преговара жената да биде ослободена.

 

Поради заложничката криза затворена и евакуирана е железничката станица, која е една од најголемите во Германија, како и плоштадот зад станицата.

 

- Во контакт сме со мажот. Мораме да дознаеме што сака, кои се неговите барања и дали е вооружен, изјави портпаролот на полицијата Кристоф Гилес.

 

Тој додаде дека специјално обучени полицајци преговараат со киднаперот, кој не е идентификуван, а не се познати ниту мотивите.

 

- Правиме се заложникот да биде извлечен неповреден, посочи Гилес.

 

Претходно, германскиот магазин „Фокус“ објави дека на железничката станица се слушнале истрели, но полицијата соопшти дека не располага со такви информации. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.