Итно да се преземат казнени мерки за кибер криминалците. ЕУ најави војна со компјутерските пирати!

Европската унија се обидува да ја зголеми својата издржливост на кибер напади и група земји-членки предводени од Холандија денеска побара санкции против кибер криминалците.

На состанок на министрите за надворешни работи во Луксембург, осум земји - Холандија, Велика Британија, Финска, Данска, Литванија, Естонија, Летонија и Романија, повикаа на итно создавање правна рамка која ќе овозможи да се преземат казнени мерки против компјутерските пирати.

- Отсуството на цврсти меѓународни активности создава чувство дека кибер нападите ќе остануваат неказнаети, предупредуваат земјите во заедничка декларација.

- Сите се согласуваат да се воведат казни, но најнапред треба да се договориме за правната рамка, бидејќи се јавуваат многу прашања како докажување на одговорноста за одреден напад, објасни еден дипломат.

- Темпото на нападите значително се забрзува. Тој контекст го претвора воведувањето на еден таков режим во итен приоритет, нагласуваат осумте држави и повикуваат европските лидери официјално да го поддржат нивниот предлог на престојниот самит во Брисел оваа недела.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.