Трамп ситуацијата со Северна Кореја ја објасни како многу добра. Наскоро втора средба на лидерите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека односите со Северна Кореја се одвиваат многу добро и оти очекува во иднина да се случат „добри работи“.

Пред да замине за Флорида, која беше погодена од ураганот „Мајкл“, Трамп истакна дека неговата администрација направила напредок во денуклеаризацијата на Северна Кореја.

- Ситуацијата се одвива многу добро. Односите се многу добри. Мислам дека ќе се случат многу добри работи, рече Трамп.

Тој додаде дека планира по вторпат да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун по изборите за Конгрес на 6 ноември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.