13 милиони луѓе се соочени со опасност од глад

Во Јемен, држава разорена од граѓанска војна што трае 3,5 години, 13 милиони луѓе се соочени со опасност од глад, предупредија ОН.

 

Тие повикуваат на меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, која војува на страна на јеменската влада, да ги прекине нападите во кои гинат цивили и поради кои хуманитарната криза може да стане „најлош глад во светот во изминатите 100 години“, јави Би-Би-Си.



Судирите во Јемен почнаа во 2014 година кога Хутите зазедоа поголем дел од државата меѓу кои и главниот град Сана. Судирот ескалираше во 2015 година кога Саудиска Арабија со своите сунитски сојузници, се вмеша во војната против бунтовниците кои ги поддржува Иран.

 

Повеќе од 10.000 луѓе загинаа и милиони се раселени во тој судир кој предизвика тешко разорување на најсиромашната држава во арапскиот свет.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.