Регистрирани два земјотреса со интензитет од 6,5 и 6,8 степени по Рихтер

Два земјотреса, првиот со интензитет од 6,5 и вториот посилен, со интензитет од 6,8 степени по Рихтер.

 

Земјотресите беа регистрирани денеска во Тихи Океан, источно од Нова Каледонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.



Епицентарот на првиот бил на 190 километри источно од островот Лојалти, на длабочина од 33 километри, а вториот - на 160 километри со длабочина од 10 километри.



Не се издадени предупредувања за опасност од цунами од Тихоокеанскиот центар за цунами во Хаваи. Нема податоци за жртви и за материјална штета.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.