Почина Пол Ален, десната рака на Бил Гејтс

Соосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, почина на 65 години од рак, соопшти неговата фамилија. 

 

-Мојот брат беше исклучителен човек во секој поглед - истакна неговата сестра Џоди.

 

Пол Ален во 1975 година со Бил Гејтс ја основал „Мајкрософт“. Милијардерот е познат и по филантропските активности, особено во областа на здравството. 

 

Тој и неговиот другар од детството, Бил Гејтс го основаа Microsoft во 1975 година. Ален бил извршен потпретседател за истражување и доусовршување до 1983., кога морал да ја напушти позицијата поради проблеми со здравјето, но сепак останал член на управата. И идејата за името на компанијата, била негова.

 

- Срцето ми е скршено од заминувањето на еден од моите најстари и најдраги пријатели, Пол Ален, изјави Гејтс.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.