14 припадници на иранските сили се киднапирани на граница со Пакистан

Четиринаесет членови на иранските безбедносни сили, вклучувајќи ги и членовите на револуционерната гарда, се киднапирани денеска на границата со Пакистан, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на официјални лица кои рекоа дека киднаперите биле членови на терористичката група.

 

- Тие 14 лица беа киднапирани околу 4 или 5 часот по локално време во граничната област Лулакдан, ја пренесува ИРНА изјавата на неименуван официјален претставник.

 

Лулакдан се наоѓа во сунитската провинција Систан-Балучестан, која е погодена од судирите на сепаратистичките милитанти и банди кои шверцуваат дрога.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.