Поради исчезнувањето на Кашоги загрижени се и САД

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Ријад ја пренесе загриженоста на САД поради исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти Стејт департментот.

 

- Помпео во Ријад пораката ја пренесе на состанокот со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Ахмед ал Џибеир, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.

 

Државниот секретар на САД во Ријад се сретна и со саудискиот крал Салман.

 

Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските власти тврдат дека тој е убиен во Конзулатот, додека официјален Ријад тврди дека новинарот неповреден ја напуштил зградата.

 

Кашоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.

 

Според непотврдени наводи во американските медиуми, Саудиска Арабија се подготвува да признае дека Кашоги починал за време на испитувањето, како и дека првобитната намера била тој да биде киднапиран.

 

Во меѓувреме, Ал Џезира повикувајќи се на канцеларијата на турскиот јавен обвинител, објави дека турските власти пронашле докази дека Кашогуи е убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

 

Турски претставници веруваат дека Кашоги е убиен од страна на саудиски агенти, а Ријад ги демантира таквите наводи. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.