Правила за борба против онлајн дезинформации

Еврокомесарката за дигитализација Марија Габриел соопшти дека денеска почнало спроведувањето на правилата за борба против ширењето дезинформации преку интернет платформите. 

 

Таа денеска на писмено ги прими намери на рекламните и онлајн платформи за почитување на доброволните правила, што беа усогласени пред еден месец. Правилата ќе може да се применуваат селективно, при што Европската комисија ќе го задржи правото да ја оцени имплементацијата и, доколку е потребно, да предложи законски мерки.

 

- Има потреба од мултинасочен и координиран одговор на дезинформациите, изјави Габриел.

 

Таа изрази надеж дека воведувањето на доброволните ограничувања ќе обезбеди брз и мерлив пад на дезинформациите.

 

- Сакаме да ја сфатиме оваа комплексна појава во нејзината суштина, додаде еврокомесарлата Габриел, појаснувајќи дека дури и ако се воведат законски ограничувања против дезинформации, тие ќе бидат насочени кон конкретни портали.
 

Онлајн платформите и претставниците на рекламната индустрија пред еден месец подготвија и ги презентираа правилата за борба против дезинформациите. Правилата превидуваат одговорност за ширењето политички реклами и затворање на портали од кои се шират лажни информации. 

 

Габриел изрази очекување дека мерките ќе придонесат за регулирање на онлајн кампањата за изборите за европратеници следната година, со целосно почитување на основните принципи за слобода на изразувањето, слободните медиуми и изнесувањето различни ставови.

 

- Онлајн платформите треба да бидат општествено одговорни, особено во предизборието. Тие мора да сторат се што е во нивна моќ за да го спречат ширењето на дезинформации, нагласи Габриел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.