Ако непријателите инсистираат Русија доброволно ќе излезе од СЕ, нема да дозволи да ја исфрлат

Русија доброволно ќе излезе од Советот на Европа доколку нејзините непријатели инсистираат на нејзино исфрлање, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

- Ако сакаат да ја исфрлат Русија од Советот на Европа, нема да им го дозволиме тоа задоволство, истакна Лавров. 

Според него, присуството на Русија во Советот на Европа не е толку важно за Русија колку што е за европските држави.

- Тоа е мојот цврст став. Се придруживме на Советот на Европа откако не убедија дека целта е обезбедување заеднички, универзално правен и хуманитарен простор на Европа, истакна Лавров. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.