САД потврдија дека американски војник учествувал во инцидетот со украинскиот авион

Американските воени воздухопловни сили потврдија дека еден американски војник бил „учесник во инцидентот“ со авион Су-27 кој денеска се урна во Виницката област во Украина.

Според соопштението, почната е истрага за инцидентот.

Генералштабот на украинската војска претходно соопшти дека двајца пилоти загинаа при пад на украински воен авион „Су-27“.

- Пронајдени се телатата на двајцата пилоти. Едниот е припадник на Военото воздухопловство на Оружените сили на Украина, а другиот е припадник на Националната гарда на Военото воздухопловство на САД, се наведува во соопштението.

Несреќата се случила за време на меѓународната воена вежба „Чисто небо 2018“. Авионот се урнал недалеку од селото Уланив во Виницката област во Украина.

Причината за несреќата не е позната.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.