Израелски борбени авиони го нападнаа Појасот Газа

Израелски воени авиони утрово погодија цели во Појасот Газа откако милитантни сили од таа енклава ракетираа куќа во израелскиот град Беер Шива, соопшти израелската армија.

 

Во изјава за Израелското радио, лекар изјави дека три лица се пренесени во болница со тешки повреди откако проектилот ја погодил нивната куќа.

 

Израелските воени авиони погодиле три цели. И засега нема информации за жртви.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.