Убиен кандидат на изборите во Авганистан

Кандидатот на претстојните парламентарни избори во Авганистан, Абдул Џабар Кахраман загина при експлозија во својата канцеларија во провинцијата Хелманд.

 

Одговорност за бомбашкиот напад презедоа талибанските бунтовници.

 

Официјални претставници соопштија дека под канцелариската столица на Кахраман била поставена бомба, а во експлозијата се повредени седум лица.

 

Кахраман е десетти кандидат кој е убиен во последните два месеца. Уште двајца се киднапирани, а четворица повредени.

 

Минатата недела загинаа 22 лица за време на одржување на предизборен митинг во провинцијата Такхар.

 

Талибанците денеска ги предупредија и наставниците и студентите да не гласаат на претстојните парламентарни избори во Авганистан и да не дозволат училиштата да се користат како избирачки места. Тие наведуваат дека изборите на 20 октомври, кои ги сметаат за незаконски, ќе бидат „нивна мета“, додавајќи оти не сакаат да им наштетат на цивилите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.