Анкета покажува дека 51 отсто Британци би останале во ЕУ

Ако Британија денеска одржи уште еден референдум за членство на земјата во Европската унија, евроскептиците можеби нема да го повторат нивниот успех, јави ДПА повикувајќи се на анкета чии резултати се објавени денеска.

 

Секој втор Британец, односно 51 отсто, сега би гласале да останат во Унијата, покажа анкета која била спроведена по нарачка на Европскиот парламент.

 

Вкупно 34 проценти од анкетираните изјавиле дека повторно би избрале Брегзит, додека 11 отсто се неопределени.

 

Велика Британија гласаше за излез од ЕУ со мнозинство од 52 отсто на референдум во 2016 година.

 

Податоците се објавени додека европските лидери се подготвуваат да се сретнат на важен самит во Брисел. Сепак, разговорите меѓу Лондон и ЕУ се чини дека повторно се во ќорсокак поради проблематичното прашање со ирската граница.

 

Времето истекува, со оглед на тоа што договорот треба да биде ратификуван од двете страни пред Британија да ја напушти ЕУ на 29 март следната година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.