Хоџај повика во Косово да не се купуваат српски производи

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај ги повика граѓаните да ги бојкотираат српските производи колку што е можно повеќе и да купуваат стоки произведени во Косово.

 

Хоџај изјави дека дополнителниот данок од 10 отсто наметнат од владата во Приштина за производи од Србија и Босна и Херцеговина „ги брани интересите на косовската држава, ја зајакнува и го штити локалното производство.

 

Тој рече дека одлуката е донесена за да се спречи Белград да финансира кампања против Приштина.

 

-Мислам дека одлука како што е оваа го штити интересот на косовската држава, суверенитетот на Косово, територијалниот интегритет, но, над сѐ, ги штити локалните производи, вели Хоџај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.