Визите за Косово нема да се укинат во блиска иднина

Пратеничката на Движењето Самоопределување, Арберие Нагавци смета дека, поради неодговорното однесување на раководителите на државните институции, процесот на визна либерализација за граѓаните на Косово нема да се случи во блиска иднина, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

– Сега веќе има јасни сигнали и од претставници на земјите членки на Европската унија (ЕУ) кои се скептични во однос на либерализацијата на визите токму поради неисполнување на главниот критериум, а тоа е борбата против корупцијата и организираниот криминал, изјави Нагавци за „Зери“.

 

Опозиоциската пратеничка е уверена дека, иако тоа претставува неправда кон косовските граѓани, наскоро не може да се очекува одлука од ЕУ за укинување на визите.

 

– За жал, веруваме дека во блиска иднина визната либерализација нема да се случи, иако е неспорно дека тоа што им се прави на граѓаните на Република Косово е голема неправда, изјави Нагавци за приштинскиот весник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.