Мароканскиот крал заспа до Меланија, а Доналд Трамп збесна! (видео)

Одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна го означија серија скандали.

 

Организаторите во главниот град на Франција направија голема грешка при планирањето на седницата, бидејќи претседателот на Косово, Хашим Тачи беше ставен речиси на врвот на редовите, веднаш зад рускиот водач Владимир Путин.

 

Францускиот амбасадор во Белград Фредерик Мондолин и се извини на Србија за инцидентот, велејќи дека станува збор за неспретност.

 

Исто така, свој настап имаше и групата "Femen" кои со голи гради го пречекаа американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Во серијата пропусти и непријатности треба да се додаде и мароканскиот крал Мухамед VI.

 

За време на говорот на претседателот на Франција Мануел Маркон, камерата го фати моментот кога кралот, кој седеше до првата дама на САД, Меланија Трамп, заспа.

 

Трамп одеднаш го здогледал и со лут поглед "го стрелаше" мароканскиот крал.

 

Некои коментари на социјалните мрежи, сепак, укажуваат на тоа дека Мухамед VI заспал поради силни лекови, бидејќи тој наводно имал неколку операции во последно време.

 

Погледнете како изгледаше целата ситуација:

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.