Калифорниските крадци ниту пожарот не ги спречи! Се маскирале како шумари и тргнале во акција

Крадците кои се облечени како членови на американската шумска служба беа уапсени во калифорнискиот град Парадајс, кој речиси беше уништен во пожарот.

 

Во стихијата, 31 лице ги загубија животите, но тоа не ги спречи некои што сакаа да ја искористат туѓата несреќа.

 

Тие беа облечени во јакни со жолта боја, слични на оние што ги носеа шумарите.

 

Според зборовите на полицијата, тие се обидувале да влезат во областа која била евакуирана пред неколку дена.

 

Досега се пријавени 53 обиди за кражба во напуштени области.

 

Според медиумите, покрај крадците, имало и обиди за грабеж, така што 4 лица биле уапсени откако со пиштол му се закануале на еден човек. Тројца од нив веќе имаат налог  за апсење, а четвртиот е зависник од дрога.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.