Моше Лион избран за градоначалник на Ерусалим

Долгогодишниот политички активист Моше Лион беше избран за градоначалник на Ерусалим, што претставува победа наултраортодоксните еврејски жители на градот.

 

Лион, кој е поддржан од голем дел на израелското раководство, утрово објави победа над својот ривал Офер Беркович, по многу контроверзна трка меѓу двајцата кандидати.Според речиси комплетните резултати по вчерашниот круг од изборите, Лион доби скоро 52 отсто од гласовите. Лион ужива поддршка од главните ултраортодоксни фракции и нивните претставници во Владата, како и министерот за одбрана Авигдор Либерман и влијателни личности во владејачката партија Ликуд.



Триесетипетгодишниот Беркович е светски активист, кој почна прогресивна програма против религиозните тврдокорни лица.

 

Хетерогената популација во Ерусалим е составена речиси подеднакво од палестинските Арапи, ултраортодоксните Евреи и останатиот дел од еврејски жители, како секуларно настроени така и религиозни.

 

Градоначалникот нема посебно влијание врз политиката и дипломатијата на Блискиот Исток, но има силно присуство како на национален, така и на меѓународен план.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.