Заменик-премиерот Валериј Симеонов поднесе оставка, Борисов ја прифати

Заменик-премиерот на Бугарија Валериј Симеонов поднесе оставка по демонстрациите поради неговата изјава за активисти за правата на лицата со посебни потреби.

 

„Поднесувам оставка поради континуираната медиумска кампања против мене,“ рече Симеонов.

 

„Оваа кампања му штети на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за нејзината нормална работа. Тоа е нешто што не можам да го дозволам. Не се работи за мене, не се работи за партијата која ја водам, туку за владата за која мислам дека е многу успешна“, рече Симеонов доцна во петокот на конференција во владината зграда, објави Ројтерс.

 

Борисов ја прифатил неговата оставка, соопшти прес-службата на Владата.

 

Во неколку градови во Бугарија имаше незадоволство од страна на граѓаните. Во Варна, Перник и Софија беа организирани протести и блокади.

 

Видео од протестите во Бугарија:

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.