ЦИА: Саудискиот принц го наредил убиството на новинарот Кашоги, а еве кој му рекол да дојде во конзулатот

Американската разузнавачка агенција ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мухамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги во Истанбул, објави Вашингтон пост.

 

ЦИА дојде до овој заклучок врз основа на повеќе извори на разузнавачките служби, вклучувајќи телефонски разговори на братот на принцот,  Калид бин Салман и саудискиот амбасадор во САД со Кашоги, за кои сведочеа луѓе блиски до семејството.

 

Според овие извори, Калид му рекол на Кашоги дека  треба да оди во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документи и му ветил дека ќе биде безбеден.

 

Портпаролката на саудиската амбасада во Вашингтон изјави дека амбасадорот и Кашoги никогаш не зборувале за одење во Турција и додаде дека наодите на ЦИА биле лажни.

 

 "Ние продолжуваме да слушаме различни теории без основа за такви шпекулации", рече таа.

 

Како што е наведено, проценката на ЦИА, за која официјални лица се убедени дека е вистина, најконкретна е досега која Саудискиот принц го поврзува со таа операција и ги комплицираат напорите на администрацијата на американскиот претседател за да го задржат својот однос со блискиот сојузник Саудиска Арабија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.