ПОРАЃАЈ НА ГРАНИЦА: Трудница тргнала со автобус кон Хамбург, па се породила на влез во Словенија

На граничниот премин Брегана, на влезот во Словенија, во автобус кој тргнал од Тузла за Хамбург, се породила една патничка.

 

Меѓу патниците во автобусот била жената во поодмината бременост, на која при породувањето и помогнале други патници и возачот.

 

 Ова беше потврдено на Фејсбук од директорот на Туристичката агенција Транс Турист, Едо Хасиќ, објави Klix.ba.

 

 

На преминот Брегана на влезот во Словенија, на трудницата одеднаш и почнале болките.

 

Потоа  мајката и бебето биле транспортирани од страна на медицинско возило до болницата.

 

Автобусот продолжил со останатите патници кон Хамбург.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.