Трамп не сака да ги слуша записите од убиството на Хашоги

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека има записи од убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Хашоги, но не сака да ги слуша, бидејќи нивната содржина е многу сурова, пренесе Франс прес, цитирајќи ги светските агенции.

 

"Имаме снимка, не сакам да ја слушам, бидејќи тоа е снимање на страдање", истакна Трамп на телевизијата Фокс њуз.

 

Претседателот раскажува дека бил запознаен со содржината на снимката и тоа било "многу сурово, многу перверзно и ужасно".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.