Тереза Меј - Мојот договор, без договор или нема Брегзит воопшто!

Лондон (Ројтерс) - Премиерката на Британија Тереса Меј изјави во вторникот дека британските законодавци се соочуваат со избор во однос на нејзиниот договор за Брегзит: да дадат согласност, да се соочат со излез од унијата без договор или дури и одвраќање од Брегзит. 

 

Меј рече дека некои во парламентот се обидуваат да го уништат Брегзит и дека таа смета „уште еден референдум за Брегзит во Британија не е правилната насока“. 

 

„Постојат три опции: едната е да се напушти Европската унија со договор... другите две се да непуштиме без договор или воошто да не ја напуштаме унијата“ - изјави Меј за радиото на ББЦ (BBS).

 

„Јасно е дека има такви членови на парламентот кои сакаат да го фрустрираат Брегзит... и да променат гласот на британскиот народ, и тоа не е во ред“.

 

Премиерката е постојано прашувана за тоа дали ќе го одложи гласањето на 11-ти Декември и кој е нејзинит план Б доколку нејзиниот договор биде одбиен, но никогаш не дала конкретен одговор.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.