Закон за борба против загадувањето: задолжителни соларни панели за сите нови домови во Калифорнија

Иако имаше мал сомнеж во тоа дали воопшто ќе се случи, сега е завршена работа: Калифорнија ќе бара задолжително инсталирање на соларни панели на крововите за сите нови домови. Официјалните лица на 5-ти Декември ја изгласаа поледната регулатива која беше потребна за да стапи во ефект новиот закон.

 

Од 1-ви Јануари 2020 година сите новоизградени домови, куќи или згради, ќе мора да имаат на нивните кровови инсталирано еколошки генератори на струја, односно кровни соларни фотоволтаични панели. Единствени исклучоци ќе бидат оние домови кои се блокирани од високи објекти (како дрва или високи згради) или да немаат место за панели.

 

Овој закон за градба е прв од ваков вид во САД и може да послужи како премер за останатите држави. Критичарите се загрижени дека оваа мерка ќе ги зголеми и така многу високите цени на недвижностите во Калифорнија а ќе понуди ограничени енергетски заштеди. Пропонентите од друга страна пак пресметуваат дека оваа технологија ќе донесе значителни заштеди на сопствениците на домовите (дури до 60 000 долари во текот на 25 години). Исто така ќе го намали преоптеретувањето на електричната мрежа, посебно во часовите на највисока оптеретеност.

 

Колку други држави на САД ќе ги следат овој пример е друга работа. Дури и да не се земат во предвид различните државни политики, мора да се гледа и на проблемот кој произлегува од различните климатски услови. Лесно е да се бара инсталирање на соларни панели во јужните држави каде има или малку или воопшто снег, но овие заштедувачи на енергија тешко се продаваат во северните региони.

 

Различни домакинства имаат различна потрошувачка и различни трошици за енергија а од таму доаѓаат и нивните различни одлуки. Може да се случи да видиме само неколку (а дали и воопшто ќе има) држави кои ќе ја следат Калифорнија, без разлика колку оспешно ќе се покаже оваа нова регулатива.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.