All for Joomla All for Webmasters

Американската војска изведе набљудувачки лет над Украина

– Американската војска соопшти денеска дека извела „невообичаен" лет над Украина, согласно Спогодбата за отворено небо. Во соопштението од Пентагон се наведува дека со „летот за набљудување" се „реафирмира американската посветеност кон Украина", откако Русија и заплени три брода, заедно со екипажот.

 

„Рускиот неиспровоциран напад на украински бродови во Црното Море во близина на Керченскиот Теснец е опасна ескалација во образецот на се попровокативни и позаканувачки активности", оценува Пентагон.

Во соопштението уште се истакнува дека Вашингтон се залага за подобри односи со Русија, но тоа не може да се случи се додека продолжуваат незаконските и дестабилизирачки акции во Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.