Си-Ен-Ен: Воен брод на САД се подготвува за Црно Море

– САД почнаа да се подготвуваат за испловување на воен брод во Црното Море и побарале од Стејт департментот за тоа да биде известена Турција, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца високи функционери.

 

Тие велат дека чекорот претставува одговор на тоа што Русија заплени три украински брода кај Керченскиот Теснец, кој го поврзува Црното со Азовското Море.

САД е должна да ја извести Турција за минувањето на воен брод низ теснецот согласно Конвенцијата од Контро од 1936 година, со која се уредува минувањето на воени бродови низ Босфор и Дарданели, кои го спојуваат Средоземното и Црното Море. Спогласно Договорот, земјите кои немаат брег на Црното Море, треба да ја известат Турција најмалку 15 гена пред транзитот низ теснецот.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека САД изведуваат активности согласно Конвенцијата од Монтро.

– Нашата, американска шеста флота е секогаш подготвена да одговори онаму каде е потребно, изјави командантот Кајл Рејнс, портпарол на флотата која ги надгледува поморските операции во регионот.

– Имаме право да дејствуваме слободно и согласно меѓународните закони и норми, појасни командантот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.