Папа Франциско: Сиромашните не уживаат иста заштита како богатите

Сиромашните, неродените, затворените и оние кои насилно „исчезнаа" не уживаат иста заштита на човековите права како богатите, изјави денеска папата Франциско.

 

По повод 70-годишнината од усвојувањето на Унизверзалната декларација за човекови права, тој рече дека постојат „бројни контрадикторности" во начинот на кој таа се применува.

 

Поглаварот на Римокатоличката црква ја обвини економијата заснована на профит дека ги користи сиромашните.

 

– Додека еден дел од човештвото живее во богатство, другиот смета дека нивното достоинство е непрепознато, нивните основни права се игнорирани или прекршени, изјави папата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.