В ПЕТОК ПОГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВО ПАРИЗ: Мерките на Емануел Макрон не се доволни

Генералниот секретар на францускиот синдикат, Филип Мартинес, оцени дека мерките што ги објави претседателот Емануел Макрон вечерва не се доволни и повика на "мобилизација заедно со жолтие елеци" в петок, 14 декември, јавуваат француските медиуми.

 

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва порача дека ќе ги намали даноците на пензионерите и ќе ја зголеми минималната плата за 100 евра месечно почнувајќи од јануари 2019 година, но нема да го врати данокот за богатите луѓе.

 

Во првото обраќање до нацијата, откако протестите против зголемување на даноците низ целата земја прераснаа во немири во Париз, Макрон соопшти на телевизија дека прогласува "вонредна економска и социјална состојба" и сака "Франција која може достоинствено да живее од својата работа".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.