Од 8 до 10 милијадри евра ќе го чинат Макрон мерките кои ги објави за да ги смири протестите во Париз

Мерките што ги објави францускиот претседател Емануел Макрон вечерва, со цел да се смири бранот на протести низ целата земја, ќе чини помеѓу 8 и 10 милијарди евра, рече државниот секретар на француското Министерство за буџет, Оливије Дисопт.

 

"Ние сме во процес на прецизирање(расходи) и ќе видиме како ќе го финансираме тоа", рече Дисопт.

 

 Макрон објави дека ќе ги зголеми платите за работниците со најниски примања и ќе ги намали даноците за пензионерите, во рамките на понатамошни отстапки, со цел да ги смири повеќенеделните протести што го потресоа неговиот авторитет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.