Меркел: Нема можности за промена на договорот за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила по средбата со британската премиерка, Тереза ​​Меј дека "нема можности" да биде променет договорот за Брегзит, соопштиле извори блиски до кабинетот на канцеларката во Берлин, пренесоа агенциите.

 

Меркел ја дала изјавата на средба со својата парламентарна група по разговорот со Меј, која пристигна во Германија, во обид да добие отстапки за условите за излегување на земјата од ЕУ, истакнаа учесниците на оваа средба.

Сепак канцеларката изразила уверување дека се уште може да се најде решение, особено имајќи предвид дека мнозинството од британските пратеници не сакаат нивната земја да ја напушти ЕУ без договор, тврдат учесниците на состанокот.

Меј се обидува да добие од европските партнери гаранции за да најде решение за Ирска, со цел Велика Британија да не остане трајно во царинската унија на заедницата, посочила Меркел.

Што се однесува до политичкиот договор, британската премиерка ќе треба да ги изложи своите ставови на европската средба со врвот во Брисел во четврток и петок, додаде Меркел,  прецизирајќи дека тоа не може да се реши на билатерално ниво, туку со учество на сите земји членки на ЕУ. Меркел потврди дека договорот е "добар текст" кој ги дефинира идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија.

По средбата со канцеларката, портпаролката на Тереза ​​Меј само изјавила дека е "позитивна", објавија агенциите.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.