ОДГОВОР НА ПРОТЕСТИТЕ: Макрон со емоционално обраќање

Повеќе од 23 милиони Французи го гледаа обраќањето на претседателот минатата ноќ на своите тв екрани. Тоа е бројка која се споредува со финалето на Светското првенство.

 

Демонстрантите го нарекоа претседателот "лош актер, кој се прави Дедо Мраз" и прашаа од каде ќе се набават парите за најавените мерки откако Макрон објави дека државната каса е празна. Во емотивното обраќање до Французите, претседателот прво се извини, а потоа најави серија мерки.

"Ова незадоволство сакало да биде прикажано долго време и сега е тука. Нема сомневање дека не успеавме во нашиот обид да одговориме јасно на вашите прашања. Го земам мојот дел од одговорноста за сето ова. Можеби се има впечаток дека не ми е гајле што се случува и дека имам други приоритети. Исто така, знам дека сум повредил некои од вас со моите зборови", рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Од следната година, минималната плата скока за 100 евра. Еден од даноците за пензионерите со приход под 2000 евра исто така е намален. Часовите од дополнителна работа нема да се оданочуваат, а годишните бонуси ќе бидат за вработените чии компании мислат дека можат да си го дозволат тоа.

Само по неколку минути откако Макрон ги објави своите одлуки, се појавија првите критики.

"Не ми стана многу јасно. Мислам дека овие 100 евра се малку, бидејќи ако го тргнеме данокот остануваат 80. Тука бевме 8 лица кои го слушавме претседателот и ниту еден од нас не се возбуди од неговите зборови", рече претставникот на" Жолтите елеци", Карл Токар.

"Се плашам дека некои од "Жолтите елеци" можат да се радуваат на 100 евра и да бидат задоволни со овие мали трошки. Јас лично ќе се вратам на протестот утре", додаде Токар.

Новите мерки ќе имаат кобни последици врз државата - меѓу 8 и 10 милијарди евра, а кон нив треба да се додадат и дополнителни 4 милијарди, кои нема да влезат во државната каса по укинувањето на данокот на горивата. Големото прашање што останува е како ќе се зголемат потребните средства.

На многу места блокадите продолжуваат, а "Жолтите елеци" се обидоа да бидат поблиску до власта, па дури и разговараа за создавање партија која ќе ги застапува во парламентот.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.