Трамп се закани дека ќе изврши изградба на ѕидот долж границата со војската

Претседателот на САД Доналд Трамп им се закани на демократите дека ќе го заобиколи Конгресот и ќе и наложи на американската армија да го изгради одамна ветениот од него ѕид долж границата со Мексико, пренесоа светските агенции.

 

"Ако демократите не ни ги дадат гласовите потребни за да ја гарантираме безбедноста на нашата земја, тогаш војниците ќе го доизградат преостанатиот дел од ѕидот", напиша Трамп во Twitter, неколку часови пред средбата со двајцата високи демократи во Конгресот - сенаторот Чак Шумер и лидерката на Демократите во куќата Ненси Пелоси.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.