КТВ: Харадинај утре ќе се сретне со Могерини

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре во Брисел ќе се сретне со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, јави приштинската телевизија КТВ.

 

Средбата на поширока владина делегација, според телевизијата, ќе се одржи во рамките на процесот на спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и ЕУ.

 

Се очекува да се разговара и за создавањето Војска на Косово и за таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, одлуки на Владата на Харадинај на кои Могерини остро се спротивстави.

 

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, косовскиот премиер ја обвини првата дипломатка на ЕУ дека го задушува преговарачкиот процес, со нејзините „неприфатливи изјави за корекцијата на границите".

 

– Мислам дека Могерини го задуши и го поремети дијалогот. Од дијалог за нормализација го претвори во дијалог за територии и граници, за размена, што на Балканот подразбира дестабилизација. Таа реално му предизвика штети на нашиот регион – и со тоа што ја дозволува дискусијата, и со тоа што јавно се изјаснува за тоа. Жално е по една толку голема инвестиција на ЕУ да се дозволи едно вакво пореметување, изјави Храдинај минатиот вторник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.