Гутереш бара „веродостојна" истрага за убиството на Кашоги

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е потребна „веродостојна" истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, убиен на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.

 

– Од особена важност е да има веродостојна истрага и казни за оние кои се виновни, изјави Гутереш на меѓународната конференција во Доха.

 

Тој не прецизира дали е за меѓународна истрага за убиството. Гутереш додаде дека не располага со конкретни информации за убиството освен оние што се во медиуми.

 

Минатиот вторник Турција соопшти дека води разговори со ОН за евентуална меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.