Петта жртва од пукањето во Стразбур

Петтиот човек повреден како резултат на нападот во централниот дел на Стразбур почина. Тоа е 36-годишен маж од Катовице, Полска.

 

"Ме остави брат ми Барто Педро Орент-Неџелски. Тој ви благодари за љубовта и поддршката што ја дадовте", напиша роднина на починатиот на Фејсбук.

Во вторникот вечерта, 29-годишниот Шериф Шекат пукаше на божиќен пазар во Стразбур. Како резултат на тоа, три лица загинаа, а уште 13 беа повредени. Подоцна почина и 28-годишниот италијански новинар кој дошол во градот за да ја следи работата на Европскиот парламент.

Убиецот беше ликвидиран во четвртокот. Според инфоемации од медиумите, напаѓачот бил борец на терористичката организација Исламска држава.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.