Бројот на жртви во близина на Самсун во Црното Море се зголемува

Шестмина членови на екипажот загинаа, откако товарен брод под панамско знаме потона крај турските брегови на Црното Море, соопшти агенцијата Анадолија.


Осман Кајмак, гувернер на северната турска провинција Самсун, изјави дека седум други морнари се спасени откако бродот Volgo Balt 214 се нашол во тешка состојба на 80 наутички милји од Самсун.

Пронајдените членови на екипажот биле однесени во болница.

Од кабинетот на гувернерот првично беше соопштено дека има вкупно 13 членови на екипажот, вклучувајќи девет Украинци, двајца Азербејџанци и двајца Руси.

Но руската амбасада во Анкара изјави на Твитер дека на бродот нема Руси, а претставникот на Киев во Анкара, Андриј Сибиха рече дека има 11 украински членови на екипажот.

Тој, исто така, рече дека четворица украински граѓани биле меѓу загинатите.

Причината за инцидентот не била специфицирана од турските власти, но Сибиха на Твитер напиша дека бродот "потона крај брегот на Самсун поради временските услови".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.