Во лавините во Австрија загинаа 10 лица

Во лавините на Алпите загинаа 10 лица, а меѓу загинатите во Австрија се и тројца Германци.

 

Австриските медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на момче и девојка, по кои се трагаше од неделата. Тие се нашле на патот на лавината, која ги фрлила во амбис, затрупувајќи ги со два метри снег.

 

На австриските Алпи и натаму се отсечени илјадници луѓе.

 

На подрачјето на Долна Австрија во тек е потрага по двајца туристи, но поради опасноста од лавини спасувачките акции се често стопирани.

 

Метеоролозите најавуваат дека до недела ќе падне уште еден метар снег, а австриските медиуми наведуваат дека станува збор за количина која паѓа еднаш во десет години. Опасноста од лавини останува висока во Австрија, Германија и Швајцарија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.