All for Joomla All for Webmasters

Украина планира да стане членка на НАТО по Македонија

Шефот на украинската мисија при НАТО во Брисел, Вадим Пристајко за украинските медиуми изјави дека Украина ги има сите шанси да се приклучи кон Алијансата откако нејзина членка ќе стане Македонија.

 

– Како што знаете, освен Македонија, три други земји, меѓу кои Босна и Херцеговина, Грузија и Украина, се подготвуваат за членството во Алијансата, изјави Пристајко.

 

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој признава дека се мали шансите Украина да стане членка на НАТО пред Македонија.

 

– Украина нема да има време да стане 30-та членка, но ако работиме, лесно може да станеме 31 или 32 земја членка, додаде Пристајко.

 

Украинските медиуми посочуваат дека НАТО очекува Македонија да и се приклучи на Алијансата на пролет 2020 откако Преспанскиот договор ќе биде усвоен во Скопје и Атина и по ратификацијата протоколот за членство од страна на останатите земји членки на Пактот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.