Најмалку 15 жртви од лошото време во Европа

Највисок степен на опасност од лавина е прогласена на Алпите. Европа и натаму останува во студената зима. Жртвите на лошите временски услови се најмалку 15. Ова го пренесуваа денеска агенциите.

 

Силните снежни врнежи во делови на Австрија и јужна Германија продолжуваат. Многу места остануваат изолирани од светот, објави Асошиетед прес. Јужна Германија и Австрија се блокирани со длабок снег. Десетици населби се без електрична енергија. Има затворени патишта и паднати дрвја.

Австриската полиција денеска соопшти дека 16-годишно момче од Австралија загинало од лавина во одморалиштето Сент Антон, додека било на скијање со своето семејство. Со него, бројот на  жртвите од лошите временски услови во Европа се искачи на 15.

Поради снегот беше запрено движењето по неколку железнички пруги на Алпите, а камиони и автомобили останаа блокирани со часови ноќеска на автопатот во југозападна Германија. Полицијата соопшти дека проблемите се продлабочиле поради товарните камиони, кои го блокираа движењето по 35-километарската делница од патот, посочуваат агенциите. Полицијата, итни екипи и доброволци се задолжени за враќање на редот, се делат ќебиња и храна на блокираните луѓе. Во некои области на баварската провинција, училиштата се затворени.

Според ДПА, германската метеоролошка служба предвидува речиси континуирано снежни врнежи до средината на следната недела.

Девет илјади домаќинства, деловни корисници и одделенија останаа без струја во Чешка заради паднатиот снег кој прекинал далноводи, пренесе ТАСС, повикувајќи се на националната електроенергетска компанија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.