All for Joomla All for Webmasters

Отворен автопат со ѕид кој го дели израелскиот од палестинскиот сообраќај

Израел отвори автопат во Западен Брег со ѕид на средината, кој треба да го одели израелскиот од палестинскиот сообраќај.

 

Тоа е прв таков автопат, кој е поделен со бетонски ѕид на кој има ограда од жица.

 

Израелското Министерство за сообраќај соопшти дека автопатот, кој вклучува безбедносни мерки е „решение и за израелското и за палестинското население“.

 

Патот ги поврзува еврејската населба Гева Бинјамин со северниот дел на Ерусалим. Квартот Француско брдо е наменет за израелски возила и Палестинци кои имаат дозвола за влез во Ерусалим.

 

Во Западен Брег има и други поделени патишта, но ниту еден нема бариера висока осум метри.

 

Отворањето на патот е критикуван од организациите за човекови права, Палестинската управа и Палестинската ослободителна организација (ПЛО).

 

– Ова е израелски пример на апархејд и расистичко одвојување какво што некогаш постоеше во Јужна Африка. Секој Израелец кој верува во демократија треба да се срами од новиот пат, истакна членот на Извршниот комитет на ПЛО, Ахмед Маждалани.

 

Претставници на Палестинската управа и организациите за заштита на човекови права наведоа дека патот ја истакнува дискриминацијата кон Палестинците.

 

Според израелски претставници рутата е наменета за олеснување на застојот во сообраќајот на контролниот пункт на влезот во северен Ерусалим и да ја зајакне врската помеѓу еврејските населби и градот.

 

Според израелскиот министер за јавна безбедност Гилад Ердан патот е „пример на способноста да се создаде поделен живот помеѓу двата народи“, а да се води сметка за безбедносните предизвици.

 

Патот почна да се гради во 2005 година, но подолг период беше недовршен.

 

Израел го освои источен Ерусалим и Западен Брег во војната во 1967 година. Палестинците на тие територии планираат да формираат своја независна држава. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.