Пентагон: Почна повлекувањето на опремата од Сирија

Американското Министерство за одбрана потврди дека почна да повлекува дел одопремата од Сирија.

 

– Потврдувам дека почнавме со повлекување на опремата од Сирија, изјави неименуван претставник на Пентагон.

 

Но, тој не наведе од кои сириски подрачја се повлекува опремата на американската армија.

 

Според непотврдени извори Централната американска команда (ЦЕНТЦОМ) одредила бродови и авиони кои ќе бидат употребени за акцијата на повлекување на опремата од Сирија.

 

Процесот на повлекување почна по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп од декември минатата година за повлекување на американската армија од Сирија.

 

Таквата одлука доведе и до оставка на секретарот за одбрана Џејмс Матис. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.