Франција се подготвува за нови протести

Франција денеска се подготвува за нов бран протести на „Жолтите елеци" и евентуално насилство што може да избие.

Во градот Буржу се затвораат продавниците поради можни судири на демонстрантите и полицијата. Во Париз се распоредени повеќе од 80.000 војници и полицајци.

Тоа е деветти викенд на протести во Франција во кои демонстрантите бараат поголеми промени во француската економија и политика.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека в понеделник ќе објави свое „писмо до Французите" во кое ќе каже што ќе направи со заклучоците од големата национална расправа што почнува еден ден подоцна. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.