Саудиската девојка која избега од нејзиното семејство доби засолниште во Канада

18-годишната девојка од Саудиска Арабија, која се забарикадира во хотелската соба на аеродромот во Бангкок, во обид да избега од семејството, доби азил во Канада, пренесоа светските агенции.

 


Рахаб Мохамед ал Куни беше приведена од властите во Тајланд, додека се обидуваше да стигне со авион до Австралија. Таа тврдеше дека ако се врати дома, нејзините роднини ќе ја убијат, бидејќи таа го негирала исламот. За такви дела во нивната татковина се изрекуваат и смртни казни. И се заканувале за обвинение за тероризам, бидејќи е нарушен угледот на кралството. Таа може да биде уапсена поради тоа што не го слушала нејзиниот татко.

Пред неколку дена девојката се снимаше со телефон во хотелската соба со забарикадирана врата и го рашири видеото на социјалните мрежи. Прикажан беше и моментот кога тајландскиот власти се обидуваат да ја извадат од собата и да ја вратат со лет до Кувајт. Таа одбива и вели дека сака да живее во земја каде што може да се едуцира и да работи онака како што сака и дека се обидувала да стигне до Австралија со трансфер преку Бангкок.

Таа е уапсена откако нејзиниот татко ги информирал саудиските власти, а тие службите во Тајланд. Во времето на апсењето, пасошот на Рахаб бил одземен. Организацијата "Амнести интернешенел" соопшти дека тоа е кршење на човековите права, а од "Хјуман рајтс воч" ги повикаа властите во Тајланд да обезбедат пристап на службеник на ОН. Тоа всушност ја убеди Рахаб да ја напушти хотелската соба.

Канадскиот премиер Џастин Трндо најави дека неговата земја ќе и обезбеди азил на младата жена, откако високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранде се поврзал со него.

Рахаб пристигна во меѓународниот аеродром во Торонто и објави неколку фотографии на Твитер под кои пишуваше: "Јас."

Канада во периодов влегува во остри релации со Саудиска Арабија во однос на граѓанските права. Пред некое време, Отава повика на ослободување на притворените активисти за правата на жените, што предизвика гнев на Ријад. Властите оттаму го истераа канадскиот амбасадор и ги раскинаа трговските односи со земјата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.