Трамп се закани дека ќе ја уништи Турција ако ги нападне Курдите
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Јануари 2019
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека економски ќе ја уништи Турција ако Анкара ги напдне Курдите во текот на американското повлекување од Сирија.
– Почнува долготрајното повлекување од Сирија, додека напаѓаме мал преостанат дел од територијалниот калифат на Исламска држава од повеќе правци. Повторно ќе нападнеме од постоечката база во близина ако повторно се формираат. Економски ќе ја уништиме Турција ако ги нападне Курдите. Направете безбедносна база од 20 милји, напиш Трамп на Твитер.
Тој и порача дека треба да се запрат бесконечните војни.
– Исто така, не сакам Курдите да ја предизвикуваат Турција. Русија, Иран и Сирија ќе имаат најголема корист од долгорочната американска политика на уништување на ИД во Сирија, природните непријатели. Исто така и ние имаме корист, но сега е време да ги донесеме нашите трупи дома. Запрете ги бесконечните војни!, истакна Трамп.
Коалицијата против ИД, предводена од САД, во петокот почна процес на повлекување од Сирија.
Во Сирија распоредени се околу 2.000 војници.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс