Техеран бара Полска да не биде домаќин на меѓународна конференција за Иран

 Иранското Министерство за надворешни работи вчера го повика на разговор полскиот вршител на работите Војчек Унолта и побар Полска да одбие да биде домаќин на меѓународна конференција за Иран.

 

Барањето уследи откако американскио државен секретар Мајк Помпео најави дека Полска ќе биде домаќин на меѓународна конференција за Иран и Блискио Исток во средина на февруари.

 

Ирански претставници му предадоа протестна порака на Унолта, во која се бара Полска да не го прифајќа со таквиот „непријателски чекор" на САД кон Иран.

 

Неименуван ирански претставник наведе дека доколку се одржи самитот, Иран ќе преземе контрамерки кон Полска, но не наведе детали.

 

Помпео, кој е на турнеја по државите од Блиски Исток, најави дека конференцијата во Полска ќе се одржи на 13 и 14 февруари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.