Косовските образовни институции во генерален штрајк
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Јануари 2019
Сите образовни институции во Косово денеска стапија во генерален штрајк, со основно барање за зголемување на платите на вработените во образованието, јави дописникот на МИА од Приштина.
Централниот штрајкувачики одбор во образовниот сектор бара покачување на предвидените коефициенти во нацрт-законот за платите на вработените во образованието и културата, до нивото на оној за службениците во другите јавни сектори, што би значело зголемување на сегашните плати за 30 отсто.
Освен тоа, се бара целосно спроведување на колективниот договор за образованиети, склучен меѓу Министерството за образование, наука и технологија и Обединетите синдикати на образованието, науката и културата на Косово.
Нацрт-законот за платите моментно се наоѓа на разгледување во Комисијата за јавна администрација и медиуми во Собранието на Косово и се очекува со скратена процедура да биде усвоен на една од наредните собраниски седници.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс