Во Иран загинаа 15 луѓе при уривање на авион „Боинг 707"
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Јануари 2019
При пад на иранскиот товарен авион „Боинг 707" загинаа 15 луѓе од вкупно 16 во леталото, соопшти иранската армија.
Падот на авионот го преживеа инженерот, кој е хоспитализиран.
„Боинг 707" превезувал месо од Бишкек, Киргистан, а несреќата се случила при приндудното слетување поради лошите временски услови на аеродромот Фат, во близина на иранскиот град Караџа, западно од Техеран.
Претходно, медиумите објавија дека се урнал киргистански товарен авион со 10 членови на екипажот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс